Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа при ЈП „Нискоградба“ изведува градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“.

Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3 901 622 денари и се реализира по налог на Фондот за комунален развој, информираат од ЈП „Нискоградба“.

Средствата се обезбедени од буџетот на Oпштина Oхрид.

OhridNews