Швеѓанка се породила во авион над Казакстан, на височина од 11.000 метри, на лет од Тајланд до Финска.
-Тоа е прв пат вакво нешто да и се случи на нашата компанија“, изјавила претставничката на финската компанија „Финаир“.
Во авионот имало двајца доктори и две медицински сестри. „Породувањето помина навистина добро, така што “планот-Б“ – кој подразбираше итно слетување во Москва, не беше потребен“, додава портпаролката.
По слетувањето на аеродромот во Хелсинки, после 11 часа летање, мајката и новородената ќерка се хоспитализирани.
На бремените жени по правило им се забранува патување со авион по 26-та недела од бременоста доколку немаат одобрение од доктор. После 26-та недела им е забрането да патуваат на долги релации.
„Финаир“ им дозволува на трудниците кратки летови, и тоа две недели пред породувањето.