40-годишната Аманда Морган од својата докторка добила дијагноза дека влегува во менопауза. Но седум часа по поставената дијаноза Аманда родила дете.

Кога отишла на преглед во болницата Ројал Колеџ, на Аманда Морган и рекле дека има класични знаци на менопауза. Откако се вратила дома таа ја родила ќерката Кетлин тешка 2,5 килограми.

„Тоа за мене беше вистински шок. Немав утрински мачнини ниту се чувствував уморна, а стомакот воопшто не ми растеше“ изјавила Аманда. „ Имам 40 години и решив да немам повеќе деца. Се здебелив само еден колограм, но мислев дека е тоа последица од прејадувањето за празниците“ објаснила зошто не ги забележала знаците на бременоста. Родила само неколку минути откако го известила својот партнер 41-годишниот Крис Гринтер дека во болницата и рекле дека е во менопауза.

„Мајка ми умре од рак, па бев загрижена да не не е нешто во ред со мене. Но докторката ме разувери дека се тоа само класични симптоми на менопауза. Ме упати на лабораториско испитување на крвта и јас си заминав дома. Почнав да се чувствувам многу исцрпено. Отидов до бањата и немав ни време да го повикам Крис, се се случуваше толку брзо. Во еден момент од мене излезе дете. Не заплака, само мрдаше“ раскажува Аманда за моментот кој ја шокирал. „Земав крпа и го замотав детето. Бев во шок, но исто така и прилично мирна“.

Детето му го покажала на Крис за кој вели дека пребледел. Повикал брза помош која ја пресекла папочната врвца и мајката и бебето ги однела во болница. Во болницата откриле дека Кетлин е родена на шест месеци, но брзо се развила во здраво дете. Наскоро ќе го прослави првиот роденден.

„Кетлин е прво дете на Крис и тој е одушевен со неа. Всушност, разговаравме дали да имаме деца и заклучивме дека е попаметно да ги немаме со оглед на моите години“ рекла Аманда.
Аманда веќе има двајца синови од претходната врска, а Кетлин ја родила пред 11 месеци.

ohridnews