Една 33-годишна жена се породила над Атлантикот во авион кој летал од Јордан за Њујорк. Како што пренесуваат американските медиуми, во породувањето помогнале лекар и медицинска сестра кои за среќа се затекнале меѓу патниците. Аеродромските власти во Њујорк соопштиле дека Вера Џабер, државјанка на Јордан, која патувала сама, родила бебе тешко 2,7 килограми, во момент кога авионот се наоѓал над Атлантикот.
Портпаролот на аеродромските власти изјавил дека според она што го раскажал лекарот, породувањето се одвивало прилично брзо. По слетувањето на аеродромот Џон Кенеди, после 11 часа и 30 минути лет, мајката и новороденчето се одведени во болница. Сите деца родени на американско тло автоматски добиваат американско државјанство, но не е прецизирано дали оваа погодност ќе важи и за новороденото бебе кое на свет дошло над Атланскиот океан.