Англичанката Стиви Холмс од Тамворт, на денот на венчавката добила породилни болки, но сепак одлучила да застане пред матичар и да го каже судбоносното „да“. По убрзаната церемонија, Стиви десетина минути примала честитки од роднините и пријателите, а потоа повеќе не можела да чека.


Сопругот ја однел во болница, а бидејќи породувањето било веќе започнато, таа се породила во венчаницата. За среќа се поминало во најдобар ред. Таа изјавила дека отсекогаш сонувала за таква венчавка, и дека не би ја одложила ни доколку имало земјотрес.