Бремената Викторија Иремонгер во средата на музичкиот фестивал Гластонбјури во Сомерсет почувствувала породилни болки. Отишла во шаторот за итна медицинска помош, од каде потврдиле дека таа се пораѓа. Сакала да се породи на самиот фестивал, но лекарите биле упорни и ја однеле во блиската болница во Јеовил.


Родила здраво момче во 19 часот и 30 минути во четвртокот, а веќе во петокот се вратила на музичкиот фестивал. Рекла дека било прекрасно да го роди првото дете на фестивалот во Гластонбјури.