Популарните Ролингстоунс оваа година дебитирале на познатиот фестивал Гластонбери, но нивниот настап ќе биде запомнет и уште по нешто, по пораѓањето на една жена. Хајди Весин се породила на концертот на групата кој бил одржан на 29 јуни на популарниот фестивал во Англија. Весон и нејзиниот партнер Син Кротерс се големи обожаватели на тој популарен фестивал, а иако лекарите ги советувале да не одат на концертот, поради бременоста, тие сепак отишле.
Така Весон за време на првата песна на Ролингстоунс „Џампин“ започнала да се пораѓа, а била префрлена во фестивалскиот болнички центар каде родила ќерка. Портпаролот на концертот рекол дека мајката и бебето се чувствувале одлично. Сакале да испратат голем поздрав до семејството и ги поканиле да бидат нивни гости и во наредните години.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com