Американската актерка и пејачка Џесика Симпсон родила син, пренеле медиумите. Претставникот за медиумите на Симпсон потврдил дека синот Ејс Нут се родил во неделата, со царски рез, во Калифорнија.
Ејс е второ дете на Симпсон и нејзиниот вереник Ерик Џонсон. Парот ја има и ќерката Максвел, која се родила минатата година.