Лив Тајлер го роди својот втор син 6 и пол недели порано, но најважно е дека детето е здраво. Портпаролот на славната актерка додаде дека и мајката и синот се чувствуваат добро и се опоравуваат во болницата во Њу Јорк, каде што ќе останат уште некое време, а за нив се грижи таткото Давид Гарнер.

 

„Здрав е и сите се среќни“ – изјави портпаролот на 37-годишната актерка. Тајлер има веќе еден син, 10 годишниот Милоу, кој го доби во бракот со Роустон Лангстон. Давид исто така има еден син од бракот со актерката Давињ Тејлор. Лив и Давид наводно биле споени од страна на Кејт Мос, но својата врска ја држеле во тајност. Сепак, својата врска официјално ја потврдија на почетокот од 2014 година.