Славната британска актерка, 30-годишната Кира Најтли го роди своето прво дете, откриваат многубројни извори за странските медиуми. И понатаму нема официјална потврда од протпаролот на актерката и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон, не е познат полот на бебето, како ни времето на породувањето.
Да потсетиме, Кира со сопругот Џејмс се во брак од 2013 година, кога се венчаа на романтична церемонија во Франција. Ова е нивно прво дете, а Кира за време на бременоста повеќе пати истакнувала дека се весели на својата нова, голема животна улога.