Реката Црн Дрим и нејзините притоки денеска ќе бидат порибени со подмладок на пастрмка.  Акцијата ќе ја спроведе концесионерот на овие води,  спортско-риболовниот клуб „Патрмка“ од Струга, од каде информираат дека се обезбедени доволни количини подмладок на речна пастрмка.

-Прво сакаме да придонесеме во збогатувањето на рибниот фонд во водите чиј концесионер е СРК”Пастрмка”-Струга, а од друга страна сакаме да испратиме јасна порака до сите рибокрадци и несовесни граѓани дека времето на безредие е минато и дека во иднина  ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да се зачува рибниот фонд, како предуслов за развој на риболовниот туризам. – велат членовите на СРК”Пастрмка”.

На порибувањето се очекува да присуствуваат претставници на Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за земјоделство, на локалните самоуправи од Струга и Вевчани, повеќе риболовни здруженија, како и претставници на фирми и организации кои со свои донации помогнаа да се организира ова порибување.

OhridNews