Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид. Во рамки на оваа фаза веќе се започнати подготвителни работи за поставувањето на бехатон плочките, по што ќе следува и асфалтирање на улицата.

Претходно на улицата беа поставени атмосферска и фекална канализација, како и подземни кабли за снабдување со струја и телекомуникациски инсталации.

Средствата за реконструкција на оваа улица општина Охрид ги обезбеди преку кредит од Светска Банка.

OhridNews