Од година во година во охридските училишта се запишуваат се помалку деца. Потврда на тоа е и скратувањето на бројот на ученици потребни за формирање паралелка.

Поради помалиот број запишани ученици на барање на училиштата Советот на општината донесе одлука за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во речиси сите основни и средни училишта во  Охрид.

OhridNews