Шкотланѓанецот Кеит Малколм од Абердин се полеал со бензин пред да се запали и истрчал 80 метри на еден саем. За да го собори стариот рекорд, кој бил 70 метри аматерскиот каскадер носел осум слоеви заштитна облека, вклучувајќи и четири слоја облека отпорна на оган и три противпожарни кациги.


Се намачкал со заштитен гел за да не се повреди од огнот, кој достигнал 1000 степени целзиусови. На него внимавал еден цел тим од пожарникари. Парите собрани со неговиот подвиг ќе бидат дадени во добротворни цели. Патеката ја истрчал за 17 секунди.