Проект за ефтин сателитски интернет започнаа вчера Гугл, Либерти Глобал и ХСБЦ под името O3b Networks, со цел, да им овозможат пристап на интернет на жителите од земјите во развој кои инаку немаат изгледи да добијат пристап до брз интернет.
Градбата на сателитот е доверена на француско-италијанската компанија – Thales Alenia Space. „Развиените земји, најповеќе оние на северната полутопка, користат развиена подморска кабелска мрежа. Градбата на кабелските мрежи во многу земји во развој комерцијално не е исплатлива и е тешко изводлива“, истакнува O3b во своето соопштение.
Според компанијата, понудениот систем ќе овозможи „сателитски пристап на интернет по цена која е приближна со цената на кабелскиот интернет во развиените земји“.