Мила Кунис сериозно размислувала да ја прекине врската со популарниот актер и тоа поради неговото бурно минато со кое Ештон Качер никако не успева да раскрсти. Откако било објавено дека повеќе не е со Деми Мур, актерот нема мир. Константно е на мета на новинарите, а проблемите околу разводот никако да се решат. Не сакал да ја исплати на Деми и така да заврши едно поглавје во својот живот поради кое наскоро би можел повторно да биде сам.

Имено, Мила се доверила на пријателите дека размислува да ја прекине врската со Ештон Качер и покрај фактот што сеуште го сака. Од друга страна, Ештон молел за уште малку трпение и ја уверувал дека сите проблеми ќе исчезнат штом го реши проблемот околу разводот.