Неколку месеци по премиерата на филмот ‘We’re The Millers’, во кој Џенифер Анистон игра стриптизерка, се појавиле фотографии на кадри кои не биле прикажани во филмот. На фотографиите Џенифер со перика со кратка коса танцува на шипка во црна долна облека и халтери.

Да потсетиме, Џенифер во филмот ја толкувала улогата на стриптисерката Роуз која со соседот и двајца други пријатели се претвара дека е дел од среќно семејство. За време на снимањето Џенифер носела два градници за секој случај нешто да не и „побегне“, а секојдневно вежбала танц на шипка како нејзиниот настап во филмот би бил што подобар. Токму на пробите настанале и овие фотографии кои сега се појавиле на интернет.