Мик Ешфилд и Вики Лудлоу се венчале во историското место Кловли во Велика Британија, а биле облечени како јунаците од филмот „Пиратите од Карибите“. Младоженецот изгледал како Џек Спароу, а невестата како Елизбет Свон.
На својот Фејсбук профил Вики објаснила дека најверојатно е луда поради изборот на облеката, но додала дека сепак е лудо вљубена во Мик. Сите присутни на свадбата исто така одбрале и се облекле како некој од ликовите од истиот филм. Малденците заветите ги изговарале со пиратски нагласок.