Еден бразилски ѕидар за кој се верувало дека погинал во сообраќајна несреќа, го запрепастил своето семејство кога се појавил жив на сопствениот погреб. Семејството на 59-годишниот Адемир Жорже Гонкалвес го идентификувало како жртва на сообраќајната несреќа во бразилската држава Парана. Меѓутоа тие не знаеле дека тој ја поминал ноќта на еден паркинг за камиони со своите пријатели и со по некоја чашка од локалниот ликер.


Тој не знаел дека се спрема неговиот погреб се до наредниот ден кога побрзал да го извести семејството дека е жив. Портпаролот на полицијата изјавил дека телото на погинатиот било тешко да се идентификува и дека бил облечен исто како и Адемир. Од полицијата мислат дека до оваа забуна дошло бидејќи луѓето се плашат долго да ги гледаат телата при идентификацијата.