Бразилската полиција соопштила дека еден 41-годшишен човек вработен во авто перална го шокирал своето семејство кога се појавил на сопствениот погреб во градот Алагоинас, на североистокот на земјата. Полицискиот инспектор Роберто Лима изјавил дека Хозе Маркос Араухо идентификувал едно тело во градската мртовечница како телото на својот брат Жилберт.

Хозе Маркос го презел телото и го превезол до родниот град на нивната мајка, каде започнале да доаѓаат луѓе да изразуваат сочуство. Неколку часа пред погребот, еден пријател на Жилберт го видел како шета низ улицата, му пришол и му рекол дека неговото семејство го оплакува. Тој потоа се појавил на сопствениот погреб како би им покажал на сите дека е жив и здрав.