Велшанецот Кевин Хоркин фотографирал млада бледа девојка на прозорецот од замокот Гврич во Абергел. Тврди дека таа е дух. Замокот има репутација дека е проколнат. Духот се појавил на прозорецот на првиот кат каде некогаш била величествената сала за балови. Подот бил срушен пред многу години така да никој не можел да застане крај прозорецот.
Кевин го забележал духот дури откако ги развил фотографиите. Вели дека почувствувал нечие присуство и некаква трагедија. Верува дека станува збор за истата девојка која некогаш живеела во замокот. Планира случајот да го испита со професионалци. Замокот бил изграден во 1819-та година, но во 1985-та бил напуштен.