На интернет каналот Јутјуб се појави видео снимка од разговор на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски со непознат човек. На снимката која е направена пред изборите во 2011 г. тие разговараат околу решение за спорот со името, и за финансирање на неговата кампања. Потоа тој на рака зема одредена сума на пари.
На снимката Бошкоски вели дека доколку дојде на власт проблемот за името ќе се реши за неколку дена и изнесува можни опции за име на државата.
На смимката стои датум 11.04.12. Соговорникот аудио и визуелно е заштитен, а изворот на видеото е непознат. Снимката ја објавија дел од медиумите.
Оваа снимка се појави откако опозицијата ја објави третата „бомба“ во која се емитуваа аудио записи од телефонски разговори на шефот на УБК, новинар и сопственик на медиум како разговараат за случајот со апсењето на Љубе Бошкоски, што и како треба да се емитува на телевизиите Сител и Канал5, како и разговори на министерката на внатрешни работи и портапоролот на оваа институција на истата тема. Вкупно беа емитувани седум телефонски записи.
OhridNews