На изложба во Лос Анџелес била објавена ретка фотографија на Џон Кенеди и Мерлин Монро снимена 1962 година на прославата на неговиот роденден. На таа прослава Монро ја пеела назаборавната нумера “Happy Birthday Mr. President”.
Автор на фотографијата е фотографот на Белата Куќа, Сесил Стаутон, на која Монро го носи незаборавниот бел фустан со лажни дијаманти. На прославата не се појавила сопругата на претседателот бидејќи знаела дека таму ќе биде и пејачката.