Бугарија секогаш добро се однесувала кон С. Македонија, во сите тешки моменти досега подадовме рака. Ние ќе продолжиме да им помагаме и ќе пружиме рака, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската БТВ, појаснувајќи  дека извесното „Не“ за почеток на прегововорите не значи „Не“ за членство во Унијата.

Ние велиме „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на С. Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите, објасни министерката Захариева.

Според неа, Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, пораду што, вели, нема начин како Бугарија да каже „да“ во оваа фаза“.

Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација, изјави Захариева.

Од друга страна, премиерот Заев денеска во Струмица изјави дека се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира С. Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската унија и покрај позитивната одлука. Премиерот рече дека е поприлично извесно дека Бугарија ќе ја блокира нашата земја, на состанокот на Советот на ЕУ во вторник. Но, Заев вели дека тој никогаш не губи надеж бидејќи одговорноста на политичарите е голема предупредувајќи дека ваквата одлука може да предвика развој на непосакувани настани на двете страни.

Јас сум подготвен и го потготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. Иако е ГАК на 17 рековме до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Струмица, каде фирма на негопвото семејство донираше амбулантно возило и медицинска опрема.

Очекувам одговорност, потенцира тој, крик на пријателство од бугарската страна заради тоа што кај нас имаат пријатели.

Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа непосакувано, верувам од двете страни може да развие. Не ни треба тоа, ни треба пријателство, подадена рака заедно да го чекориме европскиот пат, истакна Заев.

С. Македонија и Бугарија во изминатите 20 месеци одржале 10 состаноци во однос на прашања поврзани со Договорот за добрососедство и за прашања за кои двете страни имале различни мислења. Заев потсетува дека досега е постигнато решение за пет историски личности и за три историски периоди, а дека решението, во духот на заедништвото, е блиску и за Гоце Делчев. Тој изрази надеж дека, како што кажа, пријателска Бугарија ќе остане на духот на пријателството. Убеден е дека со позитивни одлуки се градат пријателски односи, а со негативни одлуки градиме горчина, рече тој.

OhridNews