Бројот на туристите во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, е зголемен за 14.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.1%.
Бројот на домашните туристи во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, е зголемен за 6.1%, но при тоа забележано е намалување на нивните ноќевања за 4.3%. Што се однесува на странските гости, нивниот број во јули е зголемен за 36.7%, како и ноќевањата за 63.1% .
Во периодот јануари-јули 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 9.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.1%, а кај странските има зголемување за 24.5%.
Во периодот јануари-јули 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 33.2%.