Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1.

Починати се шест пациенти од кои двајца од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 573 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.

Во моментов во Охрид активни се 351 случај, а во Струга 141.

OhridNews