Македонија и Србија започнаа со имплементација на проектот за  заедничко гранично управување One Stop Shop. Ова значаен проект за граѓаните од целиот регион и за унапредување на економската соработка истакнаа на промоцијата на проектот на граничниот премин Табановце Прешево претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

„Навистина ми е драго што Шенген механизмите ги воведуваме овде и ја носиме Европа овде на Балканот. Драго ми е што ова претставува само уште еден пример на големото пријателство помеѓу Македонија и Србија, кое секогаш е докажано. Денеска имаме прилика да го потврдиме тоа големо пријателство за коешто знам дека ќе расте во периодот што доаѓа.“ истакна Премиерот Заев.

Двајцата државници посочија дека постои волја да се отворат и нови гранични премини на штовеќе работат владите.

OhridNews
фото: влада.мк