Од Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, информираат дека е во тек поднесување барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од 1 Јануари до 30 Април 2015 година.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 отсто од млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.
Млекопроизводителите своите барања може да ги поднесуваат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.
Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени обекти за производство на храна од животинско потекло.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 Јуни 2015 година.
OhridNews