Со прикажување на еден од најуспешните француски филмови последниве години филмот “Живот во розово”од Оливие Дан, утревечер  на Античкиот театар   во Охрид свечено ќе биде отворен фестивалот на францускиот филм. Филмот е посветен на легендарната шансониерка Едит Пјаф и има освоено  29 награди меѓу кои и два Оскара. Ексклузивен гостин  на фестивалот се очекува да биде легендата на францускиот и на светскиот филм Клод Лелуш, кој треба да дојде со својот најнов филм”Џебен роман”. Како признание на  Лелуш во Охрид ќе му биде врачена “Златна маска”.

Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер. Во жирито меѓу другите се и македонскиот режисер Антонио Митриќески и  актерката Лабина Митеска, а во текот на фестивалот во Охрид се очекува доаѓањето на голем број критичари, режисери и сценаристи од Франција, Европа и Балканот.

Ohridnews