Во тек е подготовка на спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во салата, како што посочува министерот, се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1500 граѓани.

За вакцинација во салата се ангажирани 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работат во две смени. Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово, напиша Филипче.

OhridNews