„ Во планот ќе бидат предвидени сите културни и природни аспекти на заштита на Охридското Езеро. За нас како министерство се важни заштитата на пастрмката, изградбата на колекторскиот систем на наша и на албанска страна, како и заштита од сите видови загадувања кои му се закануваат на езерото“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање на Македонија, Неџати Јакупи, кој е и претседавач на националниот комитет за охридскиот регион. Тој кажа дека во подготвувањето на планот, голема помош доаѓа од земјите, кои претходно усвоиле ваков документ за нивните подрачја заштитени од УНЕСКО, како што е на пример которскиот предел во Црна Гора.
Неџат Јакупи
„За овој документ се зборува уште од 1998 година и тој е многу важен елемент за имиџот на Македонија на меѓународната сцена“, рече Дамир Дијаковиќ од Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција и додаде дека Охрид како единствено место во Македонија заштитено од УНЕСКО е носител и на Конвенцијата за светското наследство. Дијаковиќ подвлече дека со донесувањето на планот, Македонија ќе покаже дека има способни институции и добра експерти.
На семинарот учествуваат претставници од министерствата з акултура и за животна средина, од Управата за заштита на културното наследство, од охридскиот завод и музеј, од ИКОМОС, од општините Охрид, Струга и Дебрца, од ИКОМОС, како и невладини организации и претставници од црногорското министерство за култура, спорт и медиуми.