– Срце ми плачеше кога ги сечев овие елки стари 24 години – вели Диме Цветкоски еден од вработените во ЈП Билјани Извори. Но светот оди напред, така и ние.
Поставувањето на патеката ќе се одвива во три фази. Прво треба да се “среди“ постојната патека,потоа да се извршат градежните зафати на стадионот а потоа ќе следува поставувањето на патеката.
Соработката на АФМ и МОК резултираше со финализирање на проектот по кој се очекува на пролет Охрид да добие најсовремна подлога по што македонскиот бисер ќе биде домаќин на бројни атлетски митинзи и натпреварувања.