Прва сензорна градина на отворено во Општина Охрид и во околните општини за ученици со попреченост е во подготовка, информираат од ОУ „Григор Прличев“.

Со задоволство известуваме дека во соработка со Проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” подготвуваме сензорна градина која ќе биде место за сензорна стимулација на учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, но и за сите ученици во училиштето. Овие сензорни градини се новитет во нашата држава и ни е задоволство што ќе ја имаме првата сензорна градина во Општина Охрид и во околните општини, информираат од училиштето.

OhridNews