Екипи на ЈП „Охридски Kомуналец“ денеска започнаа со сечење на гранки и дрвја на просторот каде треба да се изгради пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“.

Инаку како што објавивме претходно, веќе се избрани градежните компании кои ќе ги рализираат градежните активности. Според планираното, фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин Дол треба да ја реализираат првата фаза од проектот, за која ќе бидат издвоени 6.781.307 денари, односно околу 110.000 евра.

Патеката ќе биде наменета за пешаци, велосипеди и ролери и ќе биде со широчина од 12 метри. Според планот петката  ќе биде хортикултурно и партерно уредена и осветлена.

OhridNews