Во документот кој содржи 46 члена се поставени темелите за обединување на Православната и Католичката Црква по расцепот во 1054 година, а кој по состанокот во октомври во Равена го потпишале претставниците од двете цркви.
На долготрајното советување ватиканската делегација ја предводел Кардиналот Валтер Каспер , пртседател на Папиниот совет за единство на христијаните, а митрополитот Јоанис Зизиоулас ја предводел делегацијата на патријархатот Константинопол. Претставниците на Руската Православна Црква го напуштиле советувањето во Равена бидејќи таму учествувале и претставници на Православната Црква на Естонија, која за време на СССР беше под московскиот патријархат, а се отцепи со благослов на патријархот на Константинопол Вартомолеј Први.
Во документот потпишан во Равена се утврдува дека Папата е „прв меѓу патријарсите“, а Рим „прво седиште“. Тие две точки биле меѓу главните кои довеле до расцеп меѓу католиците и православните во 1054 година, а сега би можеле да бидат темел на повторно обединување.Значи улогата на прв на римскиот бискуп е утврдена, а според додатните појаснувања, локалните бискупи се автономни. На локално ниво власта е во рацете на бискуп (патријарх, архиепископ), на регионално ниво збир на повеќе цркви признава за тој регион еден прв( протос на грчки), а на универзално ниво „оние кои се први во различните религии, заедно со сите бискупи, соработуваат во она што се однесува на севкупност на Црквата“ Во тој контекст се нагласува дека „првите мораат да признаат кој е прв меѓу нив“. Италијанскиот весник „Република“ оценува дека овој документ донесува насоки за патот кон обединувањето на христијанските цркви.
Јасминка Т. Момироска