Британскиот печат пишува дека се подготвува снимање на нова верзија на „Големиот брат“, во која сите осум станари ќе бидат постојано голи. Медиумите навеле дека продуцентите на шоуто веќе почнале да бараат лица кои би се согласиле да учествуваат во шоуто кое ќе има име „Гола вистина“.
Аудициите за ова шоу, кое ќе биде снимено во едно нудистичко летувалиште на Флорида, ќе се одржи во април. Авторот на емисијата, Харис Саломон, се надева дека емисијата ќе се прикажува низ целиот свет и нагласил дека планираат да земат осум британци кои ќе ги соблечат до гола кожа.