Општина Охрид објави јавен повик за доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја, кои ќе бидат вклучени во новата Програма која се однесува на период од пет години.
Општината упатува Јавен повик до правните и физичките лица да достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја. Предлозите, задолжително, треба да содржат: податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење, порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето и основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен – обележјето, информира локалната самоуправа.
Предлозите, најдоцна до 20.08.2019 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
OhridNews