Протекоа првите информации за најочекуваниот забавен настан во Охрид, музичко – сценскиот спектакл „Зимска бајка“, што по петти пат ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 28 декември.
Подготовките се во полн ек, a дел од изведувачите затекнавме на фото сесија во хотелот „Нова Ривиера“, што ја реализираше познатиот охридски фотограф Емил Јовановиќ.
Малиот јубилеј, „Зимска бајка“ ќе го одбележи сo најгламурозното издание до сега со над 40 изведувачи на сцената и специјален визуелен перформанс. Тие пред охридската публика ќе изведат познати музички класици и хитови од 7-та уметност, надополнети со квалитетна доза свеж и креативен хумор.
Одбројувањето до јубилејната „Зимска бајка“, зад која стои креативниот тим на OhridNews, официјално започна, а како што најавија организаторите, до крајот на оваа недела ќе почне и продажбата на билети, во ограничен број.
OhridNews