Гала коктел ќе се одржи на 4-ти август пред полноќ на Самоиловите тврдини во Охрид, на кој се поканети претседателот Бранко Црвенковски,  премиерот Никола Груевски, владини министри, стопанственици и познати македонски бизнисмени од странство, меѓу кои и претседателот на фондацијата Македонија 2025 година, Мајк Зафировски и други. Коктелот го организира  Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) по повод отворањето на Клуб на стопанственици во Охрид, што ќе се случи наредниот ден.


последни подготовки за гала свеченоста

Приемот на гостите ќе започне петнаесет минути пред полноќ, по што ќе следи запознавање со работењето на Сојузот на стопански комори на Македонија и  Клубот на стопанственици во Охрид. Веднаш потоа познатиот охридски археолог Паско Кузман ќе зборува за историјата на Самоиловата тврдина, по што ќе биде изведена монодрамата „Филип II“. Забавата во ноќта ќе продолжи со староградски ноти и групата „Билјана“ од Охрид.

Ohridnews