Им требаа седум години и шест деца, но славниот актерски пар Бред Пит и Анџелина Џоли, конечно ќе застане пред олтар. Најновата вест за која пишуваат медиумите е дека конечно ги презеле венчалните прстени.
Прстените ги подигнал стилистот на славниот пар, а во нивниот дом биле само ден по премиерата на филмот на Бред “Killing Me Softly“, на која Бред рекол дека планира од Анџелина да направи чесна жена на барање на нивните деца.
“Децата се повеќе вршат притисок и тоа е нешто што сакам да го направам, но чувствувам и дека дојде времето“, изјавил Бред на премиерата на филмот во Њу Јорк.