Со ждребот за квалификациските групи за Светското фудбалско првенство во 2014 година кој ќе се одржи вечерва (20 часот) во Рио де Жанеиро, ќе започне мундијалската треска која ќе трае се до стартот на мечевите на 12 јуни. Финалето на Светското првенство во фудбал ќе се игра на Маракана во Рио Де Жанеиро.


Групите за жрепката за квалификациите за Мундијалот во Бразил на европскиот континент ги сочинуваат:

Прва група – Англија, Германија, Грција, Италија, Норвешка, Португалија, Холандија, Хрватска и Шпанија;

Втора група – Данска, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Франција, Црна Гора, Швајцарија и Шведска.;

Трета група – Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Ирска, Турција, Унгарија и Чешка;

Четврта група – .Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Литванија, Полска, Северна Ирска, Унгарија и Шкотска;

Петта група – Австрија, Азербејџан, Велс, Естонија, Кипар, Летонија, Македонија, Молдавија и Финска;

Шеста група – Андора, Исланд, Казахстан, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Сан Марино и Фарски Острови.

Претседателот Хари Хаџи-Ристески ја предводи делегацијата на ФФМ која ќе присуствува на извлекувањето на квалификациските групи за СП во Бразил. Покрај претседателот на покана на ФИФА ќе присуствуваат и потпретседателот Кенан Идризи и генералниот секретар Игор Климпер.

Македонија ќе биде една од ретките земји која нема да има свој селектор на ждрепката.

Ohridnews