Американецот Гилберт Херик се оженил за прв пат на 99 години, откако конечно ја пронашол својата сродна душа, и тоа во ходникот на домот за стари лица. Дека за првата љубов никогаш не е доцна, покажал ветеранот од втората светска војна. Тој се оженил со Вирџинија Хартман која имала 86 години и била вдовица со пет деца. Ја запознал минатата година во ходникот на домот за стари лица во кој обајцата живееле.
Набрзо по запознавањето, Гилберт почнал секојдневно да ја посетува Вирџинија во нејзината соба, по што посакале заедничка соба, а тоа според правилата на домот било дозволено само доколку се во брак. Како би ја решиле проблематичната ситуација, Вирџинија го направила судбоносниот чекор и го запросила Гилберт, кој без размислување се согласил, па се венчале во свечената сала на домот.