Холивудсата ѕвезда Том Харди се оженил тајно пред два месеци со актерката Шарлот Рајли. Парот се верил во 2010 година, а како што пренесуваат медиумите, судбоносното „да“ го изговориле на четврти јули на југот на Франција во кругот на семејствата и пријателите. На свадбата бил и шестгодишниот син на Том Луис кој актерот го добил од врската со поранешната девојка Рејчел Спид.

Ова е втор брак за Том. Првиот пат се ожени со Сара Ворд, а петгодишниот брак го прекинале во 2004 година. Во меѓувреме актерот го завршил снимањето на филмот „Легенди“, биографски филм во кој ги глуми браќата близнаци Рони и Реџи Креј. Сега ќе го почне снимањето на филмот “The revenant” во кој главната улога ја игра Леонардо ди Каприо.