Џо Гуизо од Австралија се оженил со својата кучка ХАни во паркот во градот Тувумби. Венчавката не би била нималку необична доколку тој не се оженел со својата петгодишна лабрадорка. На венчавката кучето носело бела наметка. Џо ги повикал своите пријатели кои биле сведоци на церемонијата.
Рекол дека венчавката ја организирал за себе и за своите пријатели. Било многу забавно. Сите се дотерале и облекле одела и свечени фустани. Потоа објаснил дека всушност не може да се ожени со своето куче. Многу го сакал, но нивната љубов била чисто платонска.