Еден германски поштар се оженил со својата астматична мачка Сесилија, со желба да ја зацврсти десетгодишната врска со својот куќен миленик. За неа вели дека Сесилија е суштество од доверба. Стално се галат и уште од самиот почеток таа спие во неговиот кревет. Тој е неоженет и работи како поштар во Посендорф, недалеку од Дрезден.
Додал и дека нивните срца чукаат во хармонија и дека тоа е нешто единствено. Бидејќи венчавките помеѓу луѓе и животни се илегални, поштарот за 2300 евра изнајмил една телевизиска водителка да глуми матичарка. Мачката ја облекол во бел фустан, а тој се појавил во свечено одело и шешир на главата.