Американецот Чарлс Клеменс опасно се играл со оган, и се разбира, убаво се изгорел. Бил истовремено оженет со две жени кои живееле во иста зграда во Канзас. Жената со која се оженил пред три години дошла во станот на другата жена со која Чарлс е во брак 22 години и го фатила во лага.


Кога дознала дека Чарлс ја изневерува и поткрадува, и  дека е оженет со друга, ја повикала полицијата која го уапсила поради бигамија, кражба и лажно претставување. Имено, Чарлс го користел бројот од социјално осигурување од својот татко за да изнајми еден од становите.