Младоженецот Милтон Мбеле од Индака, Јужна Африка гордо излегол од бела лимузина со своите четири младенки. Ги повторил заветите со првата сопруга Тобил Вилакази, со која е во брак 12 години, и се ожени со уште три нови. Законот во Јужна Африка признава полигамни бракови. И самиот претседател Џејкоб Зума има три сопруги. Има 11 деца, но не се знае кои им се мајките.
Тобил на церемонијата добила златен часовник. Милтон изјавил дека таа ќе биде среќна со повторното разменување на заветите поради фактот што тој зема три нови сопруги. Неговите нови жени се 24-годишните Занеле Ланга и Хепинес Мдлоло, како и 23-годишната Смангеле Целе, која се радува на бракот со него и покрај тоа што ќе мора да го дели. Сопругите планираат да живеат одвоено, додека тој ќе ротира од една до друга.