Турксиот горостас Султан Косен, кој е највисок човек на светот со 252 сантиметри, се оженил со жена 77 сантиметри пониска од себе. Рекол дека практично се откажал од љубовта додека не ја запознал Мерве Дибо. Неговата новопечена сопруга е висока „само“ 175 сантиметри, што во споредба со него е минијатурна висина.
Косен рекол дека жали што не можел да најде девојка со приближна висина до неговата. Додал дека неговата сопруга е висока 175 сантиметри, но верува дека таа не неговата вистинска љубов. Косен е и горд сопственик на Гинисовиот рекорд за највисок човек на светот, а во 2010 година го запонал и најмалиот човек на светот, Хе Пингпинг, кој е висок само 73 сантиметри.