Хази Абдул Ноор, кој имал 120 години, се оженил со Самоа Биби која имала 60 години, пред 500 гости во селото Сатгари во североисточна Индија. Човекот кој тврди дека е најстариот младоженец на светот се оженил по втор пат, и тоа за двојно помлада жена од него. Неговиот син Хази Азир Удин за индиските медиуми изјавил дека неговиот татко ги замолил синовите да му најдат сопруга која ќе може да се грижи за него, бидејќи првата сопруга му умрела во 2005 година.
Удин рекол дека не било лесно да се пронајде невеста која би му одговарала, но за среќа успеале во тоа. Не е јасно дали Ноор навистина има 120 години, бидејќи во документите се води како да има 116, но тој упорно останувал при тврдењето дека имал 120. Судејќи според Гинисовата книга на рекорди, титулата за најстар човек ја држел еден јапонец кој имал 114 години.