Британскиот рокер Брајан Фери се оженил на 4 јануари со својата девојка Аманда Шепард во карипското одморалиште Аманихара на островите Туркс и Кајкос. Ова му е втор брак на пејачот. Претходно веќе бил оженет со Луси Хелмор со која има четири сина. Нивниот брак траел од 1982 до 2003 година.
Пејачот на бендот „Roxy Music“ е познат и по тоа што бил со Џери Хол пред таа да го остави поради Мик Џегер. Медиумите навеле дека Шепард, која работела на комуникациите со јавноста, има 29 години.